За нас

Иновациите имаат влијание врз толку многу различни делови од нашето општество, резултатот од иновациите секогаш треба да биде подобрување. Од гледна точка на општеството, основните резултати на иновациите се економски раст, зголемена благосостојба и комуникација, пристапност до образованието и одржливост на животната средина.

Во текот на последните децении, иновациите станаа значаен начин за борба против критичните социјални ризици и закани.

Иновациите навистина се основните причинa за модерното постоење. Иако иновацијата може да доведе до несакани последици, промената е неизбежна и во повеќето случаи, иновацијата создава позитивни промени.

Поради погоре споменатите причини, група на ентузијасти го создаде ГИГАРТ со цел на размена на идеи и новитети, како и да се врши обука на заинтересираните од помладите генерации за идни иноватори или иновативни дејци во областа на културата, уметноста и технологијата.